СТИСКАЈТЕ ПАЛЦИ ВО НЕДЕЛА: Децата од „Дајте музика“ ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг
Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. […]