EX-YU ЕСТРАДА

СТИСКАЈТЕ ПАЛЦИ ВО НЕДЕЛА: Децата од „Дајте музика“ ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг

today15/12/2021

Background
share close

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%