EX-YU ЕСТРАДА

ФОТО: Продадена акустичната гитара на Ерик Клептон

today12/12/2021 27

Background
share close

Акустичната гитата на Ерик Клептон е продадена за 625.000 долари на аукција која е одржана во Хард Рок кафулето во Њујорк, објави аукциската куќа „Џулуенс аукшнс“ Гитарата Мартин Д-45 постигнала највисока цена на аукцијата предмети кои припаѓаат на најголемите рок легенди. Аукцијата беше одржана во петокот и саботата, а вкупната вредност на продадените предмети на некои од најголеми светски ѕвезди е речиси пет милиони долари.Проценката на гитарата на која Клептон свирел во 1970 година на првиот концерт била 300.000 до 500.000 долари. На аукцијата се продадени близу 1.000 разни предмети кои им припаѓале на Мајкл Џексон, Ејми Вајнхаус, Витни Хјустон, Лејди Гага, Мадона, Елвис Присли, Битлси, Нирвана, Ролингстонс, Ганс енд Роузес.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%