Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Култната македонска група „Мизар“, пионерот на дарк-звукот во регионот и ѕвезда водилка на музичката авангарда, која на сцената опстојува цели 40 години, деновиве го претстави својот нов сингл, насловен „1903“ (Слобода или смрт). По претходната песна „Messengers of the Downfall“ (Гласници на падот), новиот сингл е песна за слободата, на текст на познатиот македонски писател Петре М. Андреевски, напишан пред 50 години. Во оригиналниот текст се опишува 1903-та, годината на Илинденското востание, а според членовите на бендот, темата на слободата на нашата земја е многу актуелна и денес. -Новиот сингл „1903“ (Слобода или смрт) е песна за слободата, тема што нѐ засега и во овој миг, кога сите во светот сме затворени веќе речиси две години во домашен притвор поради пандемијата на ковид. Малку по малку ги губиме своите политички и социјални права, како што се вели и во рефренот на песната „Слобода или смрт“ – вели Горазд Чаповски, лидерот на бендот, пренесе Нова Македонија. Тој е автор и на музиката и на аранжманот на песната, а во креативниот процес му помогна и вокалистот на групата Зоран Тортевски. Продукцијата, заедно со Чаповски, ја потпишува и Златко Симионски. Видеото го режираше Филип Арсов, а користени се кадри од играниот филм „Третиот пат“. Претходно групата ги издаде и песните „A Day is coming“ и „Uninije“. Инаку, „Мизар“ на 7 декември ќе настапи на главната сцена на 23. издание на фестивалот „Таксират“, па, така, по подолга пауза, публиката ќе може да ужива во песните од нивното петто музичко откровение, но и оние постарите што веќе се антологија.
Познатата инфлуенсерка за чија трагедија зуи Србија, Кристина Кика Ѓукиќ се самоубила со предозирање со бензедини и екстази Во собата во која Кика се самоубила пронајдени се одредени супстанци но токму оваа комбинација била кобна за јутјуберката. Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби пред два дена во изнајмен стан во центарот на Белград. Кристина се бореше со насилството на социјалните мрежи, а трагичната вест шокираше многумина. Таа беше српска гејмер, јутјубер […]
Коментари за веста (0)