Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Синот на Кирил Џајковски, кој работи како музички продуцент во Лос Анџелес, е запишан како продуцент на песната „Аbout That Time“ која е дел од новата хит-серија на „Нетфликс“ – „Inventing Anna“. View this post on Instagram A post shared by Matej Djajkovski (@matejdjajkovski) Матеј веќе долги години живее и работи во САД. Тој дипломирал музичка продукција на Академијата за современа музика на Универзитетот во Оклахома, а оттогаш имал повеќе […]
Влијателниот рок-музичар Марк Ланеган почина на 57-годишна возраст во својот дом во Киларни, Ирска. Смртта на гранџ-иконата беше потврдена и на неговиот Twitter профил. Нашиот сакан пријател Марк Ланеган почина утрово во својот дом во Ирска. Омилениот пејач, текстописец, писател и музичар имаше 57 години, а зад себе ја остави сопругата Шели. Засега нема други информации, се вели во известувањето. Ланеган беше пејач на „Скриминг трис“ од 1985 до 2000 […]
Бојана Стаменов важи за една од пејачките во Србија со најдобри гласовни способности, а својата популарност таа ја стекна кога ја претставуваше својата држава на Евровизија. Стаменов од своето прво јавно појавување на сцената се бореше со вишокот килограми. Неретко истакнуваше дека е голем хедонист и дека ужива во храната и дека не сака да држи диети. Меѓутоа, пејачката овојпат сите го шокираше со својата одлука и резултатот кој го […]
„Дип парпл“, eден од најголемите хард-рок состави на сите времиња и со децении една од најголемите рок - атракции, на 28 мај ќе одржи голем концерт во Скопје, на стадионот на АРМ. Билетите ќе бидат пуштени во продажба веќе в среда, информира „Авалон продукција“, потсетувајќи дека станува збор за великани, кои се дел од големата петорка - Битлси, Ролингстоунси, Пинк Флојд и Лед Цепелин. Актуелната долгогодишна петорка: Jaн Гилан, Јан […]
Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ Фестивал! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната Егзитова објава на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, како и многу други изведувачи за […]
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ