Естрада

„Дип Парпл“ во мај ќе гостуваат во Скопје

today21/02/2022

Background
share close

„Дип парпл“, eден од најголемите хард-рок состави на сите времиња и со децении една од најголемите рок – атракции, на 28 мај ќе одржи голем концерт во Скопје, на стадионот на АРМ. Билетите ќе бидат пуштени во продажба веќе в среда, информира „Авалон продукција“, потсетувајќи дека станува збор за великани, кои се дел од големата петорка – Битлси, Ролингстоунси, Пинк Флојд и Лед Цепелин.

Актуелната долгогодишна петорка: Jaн Гилан, Јан Пајс, Роџер Гловер, Стив Морсе и Дон Ери, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе се' подобро и подобро свират во живо“, велат од Авалон продудкција".

Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water", „Hush", „Strange kind of woman", „Woman from Tokyo", „Knocking at your back door", „Highway star" и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста. Доволно е само да се каже името на продуцентот на последниот албум "Turning to crime", Bob Ezrin – човек којшто како продуцент потпишува албуми на Aerosmith, Pink Floyd, Lou Reed, Peter Gabriel, Andrea Boccelli и други понови бендови како 30 Seconds to Mars и Deftones.

Навистина е раритентна можноста во една сезона да можеме да ги видиме и Deep Purple и Whitesnake во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата (заедно со концертот на Placebo) во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период“, велат од продукцијата.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, на 23 февруари низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: ПАРТЕР – 1.500 денари ФАН ПИТ – 2.000 денари (само 2.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба)

The post „Дип Парпл“ во мај ќе гостуваат во Скопје appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%