Естрада

Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда

today17/11/2022 15

Background
share close

Македонската музичка патформа „Терапија“, која дава поддршка на електронската клупска сцена е номинирана за наградата „Амбасадор“, која се доделува во Хрватска, а се однесува и за регионалната електронска сцена. Можете да гласате на овој линк: https://bit.ly/3Ecp3sK. „Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти. Ова е прв пат, Македонија да влезе во потесен избор за оваа престижна награда, која овозможува соработка и поврзување на артистите од електронската клупска сцена, но и на целокупниот креативен сектор. Наградата Амбасадор се доделува од 2016 година. Претставува платформа која ги истакнува најдобрите музички фестивали, клубови, уметници, музички платформи и слично. Основачот на „Терапија“, Тренчева Слободанка – Боте се заблагодарува до сите соработници и претставници на музичкиот сектор од регионот, но во својата изјава говори и за недостатокот од домашна поддршка. „Голема благодарност до земјите од регионот, како Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, до сите кои препознаа дека Терапија е нешто повеќе од музичка платформа. Домашната стручна јавност беше порезервирана, но научена сум да го одам потешкиот пат. За повеќе да те вреднуваат во Македонија треба да добиеш признание на меѓународно ниво. За жал, ова е пракса и во други сектори и сегменти од општеството. Терапија продолжува да биде светла точка, да ја афирмира земјата, клупската сцена и културното наследство. Без компромиси и без граници“, изјави Тренчева Слободанка – Боте. Во изминатиот период, „Терапија“ се фокусираше и на организирање на перформанси на значајни спомен-обележја кои се дел од македонското културно наследство, но и јавни простори кои се важни за заедницата.

The post Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%