НАЈНОВИ ВЕСТИ

554 Results / Page 4 of 62

Background

EX-YU ЕСТРАДА

Тамара Тодевска на одмор на Скијатос со нејзиниот персонален тренер со семејството

Годинава Скијатос е летната дестинација на Тамара Тодевска, а овојпат ужива во друштво на семејството на нејзиниот персонален тренер и пријател Мартин Видоевски. Тамара периодов ужива на одмор со нејзините деца Хана и Дарен, како и со нејзиниот персонален тренер Мартин и неговото семејство. Тој со сопругата беше присутен и народенденот на Тамара, а и сега сите заедно уживаат во заедничките мигови на грчкиот остров Скијатос. Од сончање и капење […]

today18/07/2022 68

EX-YU ЕСТРАДА

По венчавките во Охрид и Измир, Џеди Осман и Ебру Шахин уживаат во својот меден месец

Во текот на изминатиот месец огромно внимание привлече свадбата на турскиот НБА кошаркар со потекло од Охрид, Џеди Осман (27) кој одлучи судбоносното „Да“ да го каже во своето родно место. Тој и неговата сопруга, актерката Ебру Шахин (28) потоа направија уште една свадба за пријателите и роднините во Измир, Турција. Според информациите во турските медиуми, Џеди за свадбата со Ебру потрошил 8 милиони турски лири, или над 456.000 евра. […]

today18/07/2022 99

EX-YU ЕСТРАДА

„Ганс-ен-роузес“ му ја посветија турнејата на починатиот рокер Тејлор Хокинс

Аксл Роуз објави соопштение во коешто, тукушто завршената турнеја на неговиот бенд „Ганс-ен-роузес“ ја посветува на рокерот Тејлор Хокинс. Рок-составот го одржа својот последен концерт како дел од нивната европска турнеја на 15 јули. Аксл набргу потоа на Твитер рече дека таа е посветена на Хокинс, покојниот тапанар на групата „Фу фајтерс“, кој почина во март. „Тешко е да се справиш со такво нешто, но во обид да оддадеме почит, […]

today18/07/2022 10

Естрада

Греми 2023 се враќа во Лос Анџелес во февруари

Наградите „Греми“ се враќаат во Лос Анџелес за 2023 година, објави во четвртокот Академијата за снимање. Откако ќе биде домаќин на своето шоу во 2022 година од Лас Вегас, церемонијата наречена „најголемата ноќ на музиката“ ќе се врати во Јужна Калифорнија и нејзиниот вообичаен дом – Crypto.com арената (претходно Стејплс центар) – на 5 февруари 2023 година. Шоуто ќе се емитува во живо на CBS, со почеток во 20 часот. […]

today17/07/2022 21

Естрада

Ефто Пупиновски: Мали, бедни, мизерни предавници, народот ви кажа „НЕ“!

Мали, бедни, мизерни предавници. Народот ви кажа „НЕ“! Историјата покажала дека никој не победил здружен народ кој застанал во одбрана на ВИСТИНАТА, порачува легендарниот македонски пејач, Ефто Пупиновски. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ, а вие со овој предавнички чин само што ја ПОГРЕБАВТЕ вашата СДСМ за сите времиња. Народот ќе ви суди - вели Пупиновски. The post Ефто Пупиновски: Мали, бедни, мизерни предавници, народот ви кажа „НЕ“! appeared first on Република.

today16/07/2022 17

Естрада

„Некст тајм“ и Лозано со заеднички концерт во Антички театар во Охрид

На 30 јули во Античкиот театар во Охрид за првпат заеднички концерт ќе оддржат моментално најактуелните македонски ѕвезди, групата „Некст тајм“ и Влатко Лозаноски - Лозано. Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како „Некст тајм“, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме […]

today15/07/2022 18

EX-YU ЕСТРАДА

Концерт на годината, Некст Тајм и Лозано во Антички

Најактуелните македонски звезди, групата Некст Тајм и пејачот Влатко Лозановски на 30 јули ќе одржат заеднички концерт во Античкиот театар во Охрид. Влезниците за овој спектакл веќе се во продажба преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк https://www.kupikartizase.com/Events/next_time_2022 -Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како Некст Тајм, беше токму овде на Антички и ја […]

today15/07/2022 9

Естрада

Почна снимањето на документарецот за Ејми Вајнхаус

Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“). Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм „Враќање во црно“, што е истиот наслов како и на албумот на Вајнхаус од 2006 година. Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг. Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана […]

today14/07/2022 11

Естрада

Повторно откажан концертот на рок бендот „Пласибо“ во Скопје

„Авалон продукција“ ги информираше фановите на британскиот рок бенд „Пласибо“ дека по втор пат се откажува нивниот концерт во Скопје. Причина за откажувањето на концертот на рок бендот е зараза од Ковид-19 на дел од екипата. Групата требаше да настапи овој викенд во Скопје, односно нивниот концерт беше закажан за 16 јули, на Стадионот на АРМ. Исто така, откажан е и нивниот настап во Букурешт. Од Авалон истакнуваат дека жалат […]

today14/07/2022 7

0%