Марија ја претстави својата прва самостојна песна: Балада, ама малку поинаква!
Таа е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур. Таа е Марија, а „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл. Таа е лице и глас кои добро ги познавате. Радоста од создавањето и музичките соработки се гориво за погонот на […]