Слушачки промоции на новиот албум на „Мугер Фугер“ во Скопје и Куманово
Дванаесеттиот албум на култниот рокенрол состав „Мугер Фугер“ наречен „Дом на змии и влекачи“ е спремен, па утре и задутре (11 и 12 март) ќе се одржи негова слушачка промоција во Скопје и Куманово. Најпрво утре од 21 часот во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, а ден потоа во истото време ќе биде промовиран и во „Кјуб“ во Куманово. „Мугер Фугер“ е бенд од кој извира музичка одговорност за […]