Долгот од 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои, Симеон вели ќе го плати ако куќата се даде на Министерството за култура
И по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен. Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за Бекстејџ потврди дека сметката не е платена и дека се понудил да ја плати целата сума. […]