EX-YU ЕСТРАДА

Маша од Скопје преку Валенсија тргнува да го освојува светскиот музички пазар: Ова е нејзината нова песна „Voices“ (ВИДЕО)

today17/01/2022 5

Background
share close

Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за крупни чекори. Со оглед на тоа дека за музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак на музиката и аранжманот се потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски. – Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат – вели младата Маша. Се разбира, Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој направи одлично ремек-дело. Да не должиме многу, слушнете, погледнете и споделете на вашите социјални мрежи:

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%