Естрада

Тијана Периќ наша претставничка на сајбер-фестивалот „Јунајтед вижн“

today18/01/2022 7

Background
share close

На новиот светски виртуелен забавен фестивал „Јунајтед вижн“, на кој учествуваат претставници од стотина земји од целиот свет, младата пејачка Тијана Периќ, со песната „Писмо“, ја претставува Македонија. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји што ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана (19), наедно и нашата земја. Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Минатата година заврши во средното музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е прва година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Веќе 12 години свири клавир, досега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Талентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска. „Писмо“ е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски, а неговата продукција „Крстевски ентертејмент“ го реализира спотот, кој е сниман на три локации. Оригиналната верзија трае осум и пол минути, каде што освен како вокал, Тијана е претставена и како пијанистка.

The post Тијана Периќ наша претставничка на сајбер-фестивалот „Јунајтед вижн“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%