Петар веќе не е ерген, Хана е веќе госпоѓа Грашо
Хана Хуљиќ и Петар Грашо заблескаа пред црквата Св. Доминика во Сплит каде го кажаа судбоносното „да“. Церемонијата за која се зборува со денови започна во 19 часот, а во црквата пристигнаа и родителите на младенците Вјекослав и Тончи Хуљиќ и Зоран и Сњежана Грашо. Како што веќе беше напишано, нив треба да ги венча нивниот омилен сплитски свештеник, отец Јозо Чирко, кој е на чело на парохијата Св. Доминика. […]