Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Јулијана Димитриевска од скопско Бунарџик е самохрана мајка на четири мали деца, таа не ни замислувала дека ќе стигне до овде.
Нема храна, соодветен дом за да ги израсне своите деца на прав пат и оча јно побарува помош пред камерите на „Срце на дланка“
Јулија заедно со својот сопруг Дејан била скоро 25 години, брак од кој ги добила трите мали дечиња Димитар, Ана и Дамјан а најпосле и малиот Дејан кој ќе го добие името по татка си.
– Бевме во врска со Дејан четири години а потоа во брак уште дваесет и една година. Решивме да се осамостоиме и смогнавме сили некако купивме една мала куќарка.
– Куќа овде каде што сме, се вселивме пред околу две години, но тој не издржа ниту една година во неа да и се израдува.
– Неговот срце не издржа и замина во вечноста а нас не остави во голема бе да и немаштија. Имаше многу проб леми, викавме Брза Помош но таа не одбиваше многу пати и ни велеа дека тие не биле надлежни, вели Димитриевска.
– Сопругот го изгубив пред мои очи, тој си предчуствуваше се поздрави со сите и полегна си побара да апне и потоа ги затвори очите.
– Е тогаш кога звонев во Брзата Помош може да дојдат а претходно не сакаа, така тој замина а јас останав сама со моите деца, вели во солзи Јуле.
– После два месеци од неговото заминување од овој свет се роди моето четврто дете, кое за жал не успеа да го види и да му се израдува, а на новороденчето му го дадов името на татка си.
– Се породив дома, моето дете ми асистираше, и тогаш чекавме два часа да дојде Брзата Помош да ја пресе че папочната врвца.
– Додека беше сопругот во куќата се средуваше тој не повика нитуе еден мајстор, тој беше водоводџија и правеше се, заработуваше и помагаше на многумина.
– Зимото го минувам со еден кубик дрва, се обратив до градоначалникот за помош но тој нема слух за мене. Побарав улична светила за децата кога се враќаат од училиште ни тоа не добив.
– Побарав и тампон да се стави на патот бидејќи штом заврне веднаш настанува кал, но попусто кога никој нема слух, вели ра зочарано Димитриевска.
– Децата сега за Нова Година ми бараат кифлички и салата, но од каде да им направам, се бањаме во корито, да би се смениле вратите и прозорците на куќата многу би била благодарна.
– Многу ми е тешко кога ми бараат храна, гледаат како јадат другите јас немам. Ми велат ,,мамо сакам хамбургер” им велам нема деца мои.
– Неможам да работам нема на кого да ги оставам овие деца. На никој не посакувам ваква судбина, како Бог никој не е , вели Јуле.
– Татко ми е на небото, пред да замине ми вети дека ќе ми купи лаптоп, најмногу би сакала да се врати тој, ја си помагам на мама, вели малата Ана.
Сите кои сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на следната сметка 210501709933315 или на телефонскиот број 070/489659 Јулијана Димитриевска.
Воедно Мрежа Медиа активиаше 29 броеви за смс донации за Јулијана Димитриевска од следните држави:
СМС Донациите се прифатливи од следните држави:
|
СМС Донирај, давател на услугата
Мрежа Медиа ДОО – Радио KISS FM – Скопје
ЕДБ: 4080016562368
Матичен број: 7167245
Жиро сметка: 000210071672450160
PayPal донации, давател на услугата
Мрежа Медиа ДОО – Радио KISS FM – Скопје
ЕДБ: 4080016562368
Матичен број: 7167245
Жиро сметка: 000210071672450160
[Exq_ppd_form]
Written by: KissFM
Донации Јулија од Скопје Помош СМС донации
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)