Првиот македонски трибјут бенд „Бело копче“ заедно со најголемите регионални ѕвезди на првиот интернационален „Рок и етно фест“ во Улцињ
Спој на рок и етно култура, карактеристичен звук и познати музички имиња – сето тоа го носи првиот интернационален „Рок и етно фест“. Четири дена добра музика, но и разновидна културно-уметничка програма, во срцето на морскиот брег, Улцињ, ќе ги собере најпознатите рок групи како: „Тешка индустрија“, „Генерација пет“, „Црвена јабука“, „Краљевски апартмани „… Ним ќе им се придружат регионалната ѕвезда Индира Форца – екс „Колонија“, необичниот македонски трибјут бенд […]