Естрада

Почнува „Пивофест 2022“

today14/07/2022 3

Background
share close

Со настапот на Елена Петреска, денеска во Прилеп, по двегодишна пауза, започнува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пивофест 2022“. Градот домаќин е веќе подготвен да ги пречека гостите, кои според најавите од хотелиерите и угостителите, ќе ги има, не само од земјава, туку и од регионот, а се очекуваат стотици илјади гости, за време на четирите фестивалски денови. Штандовите се веќе подготвени да ги пречекаат првите гости денес. Ќе се точат над 30-тина видови пиво и ќе се дегустира вкусната прилепска, но и скара од регионот. Учесниците кои ќе бидат дел од првата фестивалска вечер, веќе од утрово пристигнуваат во Прилеп. Фестивалот стартува во 18:00 часот. По настапот на Елена Петреска, настапуваат групата Балканика од 18:45, потоа следуваат настапите на Нино Величковски во 19:30 часот, Ален Хасановиќ 20:15 часот, Наум Петрески во 21:00 часот, групата Љубојна во 22:00 часот, ДНК во 23:00 часот и забавата од првата фестивалска вечер ќе кулминира со настапот на Џамбо Агушеви Оркестра, точно на полноќ. Веднаш потоа забавата продолжува и на алтернативната сцена со DJ Mario Eddie. Водители на фестивалот ќе бидат Игор Џамбазов и Маријана Станојковска. За посетителите, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, дел од булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосница со ул. „Прилепски Бранители“ е затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа. Обезбедени се и над 12.000 паркинг места. Јавниот ред и мир , чистотата, хигиената на градот , водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП „Комуналец“ , ќе бидат на беспрекорно ниво.

The post Почнува „Пивофест 2022“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%