„Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“ рекол Левент, кој доби три години затвор за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ
Три години и три месеци затвор му се пресудени на Турчинот Алсин Левент кој пред три години ја предизвика сообраќајната несреќа во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. На судењето во Гитерсло, кое започна и заврши денеска, присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот […]