Естрада

Солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко ја отпеа песната за Командантот Сава пред да се повлече во засолниште

today11/03/2022 18

Background
share close

Украинска уметница, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја отпеала песната за Командантот Сава непосредно пред да мора да се повлече во засолништето. Маргарита отпеала партизанска песна во репортажа за црногорскиот портал Antena M. Таа ја извела песната со својот колега Јарослав Јус, кој свири на украинскиот национален инструмент бандура. По песната таа требало да испрати видео во кое зборува за моменталната состојба во нејзината татковина, но тоа сепак не успеала.

Еве ја песната како што ветив. Сега ни рекоа дека мораме да одиме во засолниште, кога ќе можам ќе ви испратам видео од ситуацијата во Украина, напишала таа за црногорскиот портал.

Песната „Командант Сава“ е за Сава Ковачевиќ кој бил убиен од фашистите во Сутјеска во 1943. година. Песната е многу популарна во редовите на украинската армија и Маргарита често ја изведувала со воен оркестар и хор. https://www.youtube.com/watch?v=2Df-KOFRDUE&t=55s

The post Солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко ја отпеа песната за Командантот Сава пред да се повлече во засолниште appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%