Естрада

Шест песни и изведувачи во трка за Евровизија 2022, публиката ќе може да гласа за свој фаворит

today21/01/2022 25

Background
share close

Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022, соопштија од Македонската радио телевизија.

Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се следните: 1. Изведувач: Kaly Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“ Автор на музика: Давор Јордановски Автор на текст: Весна Малинова Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ 2. Изведувач: Yon Idy Наслов на композиција: „DREAMS” Автор на музика и текст: Yon Idy Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy 3. Изведувач: Lara Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW” Автор на музика: Роберт Билбилов Автор на текст: Робин Зимбаков Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров 4. Изведувач: Viktor Apostolovski Наслов на композиција: „SUPERMAN“ Автор на музика: Владимир Дојчиновски Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски Аранжман: Владимир Дојчиновски 5. Изведувач: Andrea Наслов на композиција: „CIRCLES" Автор на музика: Александар Масевски Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска Аранжман: Александар Масевски 6. Изведувач: Ris Flower Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN" Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, велат од МРТ, за избраните 6 композиции ќе се изработат лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста. Песните ќе ѝ бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

The post Шест песни и изведувачи во трка за Евровизија 2022, публиката ќе може да гласа за свој фаворит appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%