Естрада

Шест песни и изведувачи во трка за Евровизија 2022, публиката ќе може да гласа за свој фаворит

today21/01/2022 3

Background
share close

Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022, соопштија од Македонската радио телевизија.

Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се следните: 1. Изведувач: Kaly Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“ Автор на музика: Давор Јордановски Автор на текст: Весна Малинова Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ 2. Изведувач: Yon Idy Наслов на композиција: „DREAMS” Автор на музика и текст: Yon Idy Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy 3. Изведувач: Lara Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW” Автор на музика: Роберт Билбилов Автор на текст: Робин Зимбаков Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров 4. Изведувач: Viktor Apostolovski Наслов на композиција: „SUPERMAN“ Автор на музика: Владимир Дојчиновски Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски Аранжман: Владимир Дојчиновски 5. Изведувач: Andrea Наслов на композиција: „CIRCLES" Автор на музика: Александар Масевски Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска Аранжман: Александар Масевски 6. Изведувач: Ris Flower Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN" Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, велат од МРТ, за избраните 6 композиции ќе се изработат лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста. Песните ќе ѝ бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

The post Шест песни и изведувачи во трка за Евровизија 2022, публиката ќе може да гласа за свој фаворит appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во пресрет на неговиот роденден

АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, посветена на легендарната музичка ѕвезда. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk . Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на […]

today21/01/2022 3

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%
AllEscort