Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Украинската пејачка Руслана, победничката на Евровизија во 2004 година, се огласи по повод рускиот напад на Украина. Таа во објава на Инстаграм истакна дека е сигурна дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина.
Дојде утрото. Мора да собереме сила и да разбереме дека војната против Украина започна. Сигурен сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. Работевме многу години за да го натераме светот да нѐ препознае како земја која со векови страда поради рускиот режим. Светот ќе ни помогне и ќе ја запре војната, ја започна својата објава Руслана на Инстаграм.
Таа додаде дека иако ситуацијата е исклучително тешка, се труди да остане смирена. Украинската пејачка ги повика сите кои се запознаени со официјалните информации да му помогнат на украинскиот народ.
Сега најважна е локалната територијална одбрана. Собирам информации како да го направам ова и ќе ги објавам на Инстаграм. Пријатели, пишете ми јавно или приватно! Ни требаат проверени информации. Ова е клучен момент, продолжи Руслана.
Претходните денови поранешната победничка на Евровизија во своите најави истакна дека ова е моментот кога уште повеќе верува во својата земја Украина.
Сега се молам како никогаш досега и му се молам на Бога да ни даде сила и вера, бидејќи ние само сакаме да живееме, а никој нема право да ни ја одземе земјата под ‘каков било мит’. Дури и од Мајдан, потребата да се молам за Украина… за сè светло и чисто, за нас, остана во моето срце. Слава на Украина, изјави украинската пејачка.
The post Руслана: Светот ќе ни помогне и ќе ја запре војната appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)