Естрада

Почна снимањето на документарецот за Ејми Вајнхаус

today14/07/2022 15

Background
share close

Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“). Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм „Враќање во црно“, што е истиот наслов како и на албумот на Вајнхаус од 2006 година. Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг. Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум „Back to Black“ (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл „Rehab“. Ејми стана една од петте жени во музичката историја што освоиле пет награди „греми“ во една вечер, вклучувајќи ги статуетките за најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.

The post Почна снимањето на документарецот за Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%