Естрада

Лејди Гага: Русите беа и останаа глупави, требаше да ме уапсат кога имаа шанса

today27/04/2022 12

Background
share close

На социјалната мрежа Твитер кружи видео кое наводно било направено за време на џез-настапот на Лејди Гага во Вегас, во кое пејачката ѝ се обраќа на официјална Москва, прашувајќи зошто не била уапсена кога имале прилика, алудирајќи на концертот што го одржала во 2012 година во руската престолнина. Додека седнува на клавирот и ја започнува приказната за Русија и Владимир Путин, Лејди Гага ѝ вели на публиката: „Русите беа и останаа глупави“. Потоа продолжува: „Требаше да ме уапсат кога имаа шанса“, по што се слушнале врисоци и аплаузи.

Lady Gaga: “They should’ve arrested me in Russia when they had the chance” pic.twitter.com/2g6FcR9Et8

— Gaga Daily (@gagadaily) April 25, 2022

Под видеото од Вегас, на Твитер се појави и исечок од концертот во Москва, на кој алудирала Лејди Гага, а кој се одржал во 2012 година, како дел од нејзината турнеја „Born This Way“. Тогаш бил во план контроверзен руски закон со кој се забранува „промоција на хомосексуалноста“, поради што пејачката била предупредена дека, како личност која ја поддржува ЛГБТ заедницата, може да биде уапсена. Всушност, албумот на Гага, по кој турнејата го добила името „Born This Way“, е посветен на ЛГБТ заедницата, а насловната песна го содржи текстот: „Не е важно дали си геј, лезбејка, транс, бидејќи така си роден“. https://www.youtube.com/watch?v=6ZpacTYMyk0

The post Лејди Гага: Русите беа и останаа глупави, требаше да ме уапсат кога имаа шанса appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%