Естрада

Шербеџија порача од Битола: Македонија за мене е многу значајна земја

today21/03/2022 8

Background
share close

Многу ми е драго што сум повторно во Македонија, за мене многу значајна земја. Не само што оваа земја ми помогна преку филмот на Манчевски „Пред дождот„ да направам своја кариера, 1993, туку и пред тоа како млад актер доаѓав овде. Се сеќавам со Арсен Дедиќ често доаѓавме на неговите концерти. После тоа имав соработки со македонските актери и луѓето од театарот и филмот. Многу сум среќен што сум овде, рече Шербеџија на концертот кој викендов се одржа во центарот за култура во Битола.

Во Битола на концертот, Шербеџија ги промовираше песните од албумот “Не окречи се сине“, (“Не свртувај се сине”) ,врвно музичко достигнување, кој неодамна го издаде во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“.

Албумот го носи името по песната која ја напиша во 1989 година, со музика на Габор Ленгјел, а Марио Игрец направи нов аранжман.

Песната ја напишав за мојот син Данило кој тогаш имаше 18 години и отиде во војска. Таа е посветена на сите синови од таа генерација да не се свртуваат назад, за нашите животи и кон она што нас не мачеше, за она за што се боревме, туку да гледаат напред за својот живот, за својата иднина, рече Шербеџија.

На албумот има свои 3 песни, а дел се од неговите пријатели. Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари на крајот на 2020: Давор Смотке Смоталиќ, Дарио Хлеб, Марио Игрец, Антун Сташиќ, Марјан Крајна и гостинот Дадо Маринковиќ. На албумот, Шербеџија го става и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде нашиот Диран Тавитјан.

Публиката ја слушна и легендарната Не дај се инес, а во салата на Центарот за култура завладеа молк. Во светот на музиката, Раде истакна дека го воведе Арсен Дедиќ. Познатиот актер, поет, музичар и режисер на сцената пееше, рецитираше поезија, кажа и анегдоти за својот живот во Лондон. Ја изведе и песната „Елено ќерко, Елено“ која ја сними пред неколку години за проектот на Тавитјан „Македонското срце чука во 7/8“ . На сцената во Битола настапи заедно со “Западни Колодвор”. фото:| Диоген Хаџи Коста Милевски

The post Шербеџија порача од Битола: Македонија за мене е многу значајна земја appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%