Естрада

Македонскиот претставник на детскиот Евросонг надмина пола милион прегледи

today27/11/2021 12

Background
share close

Македонскиот претставник на детската Евровизија „Грин Форсис" (Green Forces) од „Дајте музика“, на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат. Во видео постирано на социјалните мрежи, децата од „Дајте музика“ му се заблагодаруваат на организаторот на Детскиот Евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто. Видеото од песната веќе собра над 600.000 прегледи од објавувањето, а македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз. https://m.youtube.com/watch?v=OAiptSTIuWU&feature=emb_title Музиката за „Грин Форсис“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 година во Париз.

The post Македонскиот претставник на детскиот Евросонг надмина пола милион прегледи appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%