Естрада

Концерт на GAZORPAZORP, св.Псета и ООHS вечерва во МКЦ

today26/02/2022 21

Background
share close

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи концерт на бендовите GAZORPAZORP (Белград), св.Псета (Белград) и ООHS (Софија). Газорпазорп е еден од најпотентните гитарски бендови на новата генерација на Балканот. Како претставници на новиот бран српски бендови, кои полека и сѐ позабележително ја преземаат палката од рацете на постарата генерација гитарски бендови во регионот, разиграните млади момчиња играат на оригиналноста и автентичноста. Во април 2018 година, тие го издадоа своето дебитантско ЕП, едноставно насловено „EP # 1“ со хиперенергични песни, полни со дисторзии и рапави вокали. Во декември 2020 година, Газорпазорп го објави EP-то „Од воздух и сонце“ (Moonlee Records), кое носи пет свежи песни, полни со младешки дух, разиграност и страст. Покрај очигледните влијанија на бендовите како што се Репетитор или Мец, нивниот нефатлив звук ја комбинира впечатливата моќ на ноиз-рокот, комплексноста на мат-рокот, постпанк разиграноста и експерименталноста на психоделичниот рок, комбинирајќи ги и англо-американските и регионалните музички традиции. Со својата современа рок-естетика, Газорпазорп е поставен рамо до рамо со актуелните бендови како што се Squid, Black Midi, Oh Sees, Protomartyr и Tropical Fuck Storm. И покрај младоста на бендот, постои јасен зрел и префинет пристап кон аранжманите на песните, кои со неверојатна леснотија скокаат од експлозивни напади на лудило во лебдечки мирни пасажи и назад. Газорпазорп е гласот на новата генерација на препознатливиот белградски шарм, а пред сѐ фантастичен бенд, кој ја продолжува традицијата на регионална музичка бескомпромисност! „Во помалку од една минута можете да приметите колку св.Псета се бесни и разуздани, свират како ништо пред нив и да не постоело, а откако ќе ги слушнете тие песни, веќе не е ни проблем доколку ја снема целата музика од иднината“ – Helly Cherry OOHS! е бугарско-либански космички lo-fi поп-ентитет базиран во Софија. Зад себе имаат две лимитирани касетни изданија за Amek Collective, “Tropic of Cancel” и ѕвездениот “Plutonic Love Songs”. OOHS! имаат настапувано покрај Follakzoid, Moonwalks и VVhile, но и во бројни локални концерти организирани од Alarma Punk Jazz, Amek Collective, Indioteque, Blood Becomes Water и други независни промотери. Овој настап ќе им биде прв настап во живо од 2020 како и прв воопшто настап во Скопје. Билетите по цена од 250 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.

The post Концерт на GAZORPAZORP, св.Псета и ООHS вечерва во МКЦ appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%