Естрада

Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари

today29/10/2021 5

Background
share close

Гитара на еден од основачите на бендот „Пинк флојд“, Сид Барет, беше продадена на наддаввање во аукциската куќа „Шефинс“ во Кембриџ за 27.400 долари. Акустична гитара „Јамаха“, со 12 жици, која му припаѓала на Барет (1946-2006), е оригинален музички инструмент од 1969 година. На аукција ја ставил Марк Барет, внукот од брат на гитаристот, и првично била проценета на 13.700 долари.

Мило ми е што гитарата ќе оди кај некој што ја цени. Се надевам дека купувачот ќе ужива во неа исто како и мојот чичко – изјави Марк Барет.

Аукциската куќа соопшти дека Сид ја спомнал гитарата и во интервју за списанието „Ролинг Стоун од 1971 година.

Ова е мојата нова гитара со 12 жици. Само што ја навикнав, ја пробував вчера – изјави музичарот во таа пригода.

Марк вели дека инструментот долго време го чувал неговиот татко, кој му го предал во ноември 2020 година, непосредно пред неговата смрт. Според „Шефинс“, гитарата ја купил Французин, кој купил и градинарска маса изработена од Сид и тоа за 3.100 долари. Парите од продажбата внукот веќе ги наменил за добротворната организација „Мајнд“ која им помага на ментално заболени пациенти и за болницата „Артур Ренк“.

The post Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%