Тони Китановски Трио настапува во Битола на Меѓународниот ден на џезот
Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство, охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите. Оваа година МКЦ – Битола по осми пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот, 30 април, со организирање на концерт на Тони Китановски Трио (Тони Китановски, гитара; Виктор Филиповски, тапани; Кирил Туфекчиевски, бас) в […]