Естрада

Бени Андерсон од „АББА“: Сега дефинитивно е крај за бендот

today28/10/2021 9

Background
share close

И покрај издавањето на новиот албум и новата турнеја, од поп-групата „АББА“ објавија дека конечно се распуштаат. Сепак, тоа ќе се случи по виртуелниот настап со свои т.н. „Аба-тари“ и другите планирани настапи.

Тоа е тоа! Ова второ распуштање е различно од она во 1982 година. Тогаш не реков дека „АББА“ никогаш повеќе нема да се повтори. Но, сега можам да ви кажам: Овој пат е дефинитивно крајот! – изјави за „Гардијан“ познатиот член на бендот Бени Андерсон (74).

Сепак, светот има уште што да очекува бидејќи нивниот нов албум со 10 песни, „Патување“ (Voyage), ќе биде објавен на 5 ноември, а во продажба се и билетите за турнејата со истото име, закажана за 2022 година. Песната „Don’t Shut Me Down“ е веќе преслушана над 25 милиони пати на Спотифај, а „I Still Have Faith in You“ – повеќе од 15 милиони пати. Светските хитови, пак, како „Dancing Queen“, „Gimme!“ и „Mamma Mia“ сега имаат деветцифрен број на преслушувања на стрим-платформите.

The post Бени Андерсон од „АББА“: Сега дефинитивно е крај за бендот appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%