SHOUTcastMk

579 Results / Page 64 of 65

Background

Естрада

22. издание на „Есенски музички свечености“ се отвора со концерт на Влатко Стефановски и „Танец“

Отворањето на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ ќе се случи в петок (05.11.2021) со концертот на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет. Билетите се во продажба на karti.com.mk и пред почетокот на концертот во Националната опера и балет. Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани. ТАНЕЦ И ВЛАТКО Концерт на „Есенски музички свечености […]

today03/11/2021 17

Естрада

Две лица загинале на концерт посветен на „АББА“ во Шведска

Две лица го загубиле животот, а едно е повредено во вторникот вечерта во концертна сала во шведскиот град Упсала кога едно од нив паднало од седмиот кат врз двајца посетители, соопшти полицијата. Илјада посетители се собрале во „Uppsala Konsert&Kongres“, модерна повеќекатница во којашто требало да се одржи концертот во чест на прославената шведска поп-група ABBA. Во предворјето на салата е отворен простор во кој паднало лицето од седмиот кат врз […]

today03/11/2021 4

Естрада

Јубилејно дваесетто издание на OFFest од 9 до 13 ноември во Скопје

Дваесеттото издание на OFFest ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Скопје. Планираната програма е свежа, разнобојна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. Сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез (1920-1999) ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо ЛИНА И РАУЛ РЕФРИ (Португалија/Шпанија) коешто испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и со проекцијата на […]

today03/11/2021

Естрада

Eд Ширан растура со нови песни и со заработка

Добитникот на Греми пејачот Ед Ширан е прогласен за најбогата британска ѕвезда под 30 години, со своите 278 милиони евра. Песната „Shape of You“ е најстримуваниот негов сингл, а тој ја има и турнејата со најголема заработка на сите времиња. Ширан, инаку, неодамна го објави својот нов албум, „Equals“. Со вкупно богатство проценето на 236,5 милиони фунти, пејачот Ед Ширан третпат ја задржува својата круна на најбогатата британска славна личност […]

today02/11/2021

Естрада

Почина Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила

Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила, почина еден месец откако дознала дека боледува од рак на матката. Таа настапуваше со Сребрени крила од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос. Гракалиќ починала во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст, потврди за „Вечерњи лист“ сестрата на Влатка, Маја. Да, за жал Влатка почина во неделата на 31 октомври 2021 година, по кратко и […]

today01/11/2021

Естрада

Карлеуша го одбра најдобриот „костум“ за ноќта на вештерките: Стави уши и се соблече гола

Пејачката Јелена Карлеуша на Инстаграм објави видео од својот костум за Ноќта на вештерките. Таа ставила само уши и соблекла се од себе. View this post on Instagram A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) The post Карлеуша го одбра најдобриот „костум“ за ноќта на вештерките: Стави уши и се соблече гола appeared first on Република.

today01/11/2021

Естрада

Баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини викендов на јутјуб каналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци

КСП Подиум-Јадро Кавадарци во соработка со Bed Time Story, ви го прикажува ДЏ Тевидма со шестмина ВЏ. Настанот ќе се случи на 31 октомври, во 21 ч., и ќе се прикажува во живо на YouTube кналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци. Тевидма е артист кој ги искажува хипнотичките и длабоките шумските звуци во Берлинското техно. Тој се стреми кон совршен баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини, енергични средни тонови […]

today29/10/2021

Естрада

Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари

Гитара на еден од основачите на бендот „Пинк флојд“, Сид Барет, беше продадена на наддаввање во аукциската куќа „Шефинс“ во Кембриџ за 27.400 долари. Акустична гитара „Јамаха“, со 12 жици, која му припаѓала на Барет (1946-2006), е оригинален музички инструмент од 1969 година. На аукција ја ставил Марк Барет, внукот од брат на гитаристот, и првично била проценета на 13.700 долари. Мило ми е што гитарата ќе оди кај некој […]

today29/10/2021

Естрада

Почина легендарниот тапанар на „ЈУ група“ и „Поп машина“ Раша Ѓелмаш

Рaтислав Раша Ѓелмаш, поранешен тапанар на Ју група, Поп машина и лидер на групата Зебра, почина во Белград на 72-годишна возраст. Ѓелмаш е роден на 26 јануари 1950 година во Белград, а својот прв интерес за музика го покажал во 1966 година, кога со своите врсници од училишниот оркестар ја основал групата Ангели. Во март 1972 година ја основа групата Поп машина со Роберт Немечек (бас), Зоран Божиновиќ (соло гитара) […]

today28/10/2021

0%