play_arrow
Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облаците Yana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM

Пред неколку дена во центарот на Скопје, односно во ресторанот „Рагуза 360“, членовите на бендот „Балкан Бенд“ го промовираа нивниот најнов проект со наслов „А бре, Македонче“. На промоцијата присуствуваа повеќе од 300 гости, меѓуи нив музичари, пејачи, спрортисти, продуценти, текстописци, луѓе од бизнис-фелата и многу други. Домаќин на промоцијата беше познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, кој на крајот од промоцијата заедно со момците од „Балкан Бенд“ испеа една негова песна. Сите што беа на оваа промоција велат дека е една од најдобрите во последниве години кои се случиле, особено ќе се памети моментот кога на покривот од ресторанот се појавија дестина комити со бакљи во рацете и во еден глас започнаа да ја пеат „А бре, Македонче“… Како изгледаше оваа промоција и кој присуствуваше на неа, може да погледнете на ова видео:
The post „А бре, Македонче“ во еден глас, комити со бакљи – како изгледаше промоцијата на проектот на „Балкан Бенд“ appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)