Естрада

Жељко Самарџиќ замина во пензија

today24/12/2021 6

Background
share close

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ по долго време се враќа на публиката во Белград која со нетрпение го очекува. Но, бидејќи пандемијата не запира, со што опстојувањето во музичката индустрија е отежнато, Самарџиќ открива дека после овој концерт ќе остане во пензија.

Размислував за периодот кога годините ќе ми дозволуваат да пеам се помалку и помалку, тоа време се совпадна со пандемијата. Јас сум пензионер од октомври, имам пензија која ми е доволна. Јас и мојата сопруга Маја немаме некои посебни желби. Живееме скромен живот, но достоен за сите кои живеат пристојно, што би сакал да им го посакам на сите, вели пејачот за српски „Курир“.

Корона вирусот не го заобиколи ниту неговото семејство.

Се разболеа внуците, па ќерките и зетовите. Тие беа 14 дена во карантин и фала богу поминаа без посериозни проблеми. Маја и јас внимаваме малку повеќе и ни е добро. Правиме како што мораме. Голема тага е за оние кои засекогаш не напуштија, вели тој.

Самарџиќ со години се бори со болест на тироидната жлезда.

Сега сум добро, долго време го имам овој проблем со тироидната жлезда. Редовно пијам терапија и затоа сè е под контрола. Се трудам да живеам здрав живот, да бидам што повеќе на чист воздух, за да не ми го отежнува секојдневието. Генерално се прилагодувам и на возраста и на времето во кое живееме. За жал, короната не ми оди во прилог, вели Жељко

Тој деновиве има причина за славење бидејќи се ближи моментот кога ќе добие четврто внуче.

Секогаш се надевав дека ќе дочекам најмладата, трета ќерка Миња, да ми даде внук. Пресреќен сум што ова, дај Боже, ќе се случи на почетокот на февруари. Таа носи девојче, па јас ќе имам две внуки и двајца внуци, поубаво нема. На концертот ќе гостува и Миња, која ќе пее придружни вокали. Кога ја прашав дали и пречи стомакот кој веќе многу порасна, ми рече дека не ѝ пречи и дека е задоволство да се биде дел од тоа, искрен е Жељко.

Пејачот откри и зошто ги нема неговите автентични мустаќи.

Супер беа, но ми направија неколку инфекции на лицето, па морав да направам мала пауза од нив. Дури кога ги избричив, сфатив колку години ги имам – низ смеа рече и продолжи: – Никогаш не се знае, можеби ќе ги вратам, а можеби ќе направиме нов имиџ за некој од следните албуми, истакнува пејачот.

The post Жељко Самарџиќ замина во пензија appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%