Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема Може нешто од Војо Стојановски?😁 Dedication Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM! Dedication Супер песни пуштате, продолжете само така!

Естрада

Весна Станојевска Микиќ ја отсвире првата македонска електроакустична мелодија за соло харфа

today16/11/2022 2

Background
share close

Харфистката Весна Станојевска Микиќ ја промовира мелодијата Urban pulse, прво електроакустично дело од македонски автор за соло харфа и лента во современото музичко творештво. Автор на музиката е Ана Пандевска, а режисер на видеото е Андреј Марјановиќ.

Станува збор за мултимедијален проект во кој се преплетуваат авторската музика, изведувачката дејност и режијата како три различни уметности, вели Ана Пандевска.

Дел од видеото е снимено во Музејот на современа уметност, што дава различен амбиент и убава панорама, но и дистанца од метежот на градот.

На овој начин можеше да се потенцира контрастот меѓу музиката на харфата, која во дамнешни времиња се верувало дека е инструмент што може да ги смири боговите, и деловите каде бучавата од градот за момент ја прекинува хармонијата. Овој контраст меѓу самите делови од композицијата се трудев да го пресликам и визуелно, мешајќи сцени од градот, градилиштата, улиците и хаотичното движење што во ниеден момент не престанува“, рече режисерот Марјановиќ.

Проектот е дел од годишната програма на Министерството за култура, а дел од локациите се со поддршка на Музејот на современа уметност. Музиката е снимена во Fames project studio. https://www.youtube.com/watch?v=5KgOYm3PLJg

Во музиката се чувствуваат влијанија од амбиенталната музика, минимализмот како правец и современата авангарда. Преку видеото, во кое се прикажуваат двете страни на градот, онаа спокојната од изгрејсонце додека градот спие преку секојдневниот метеж и бучавата што се карактеристични за еден главен град, сè до зајдисонце и заспивањето на градот“, вели за „Репортер“ Весна Станојевска Микиќ.

The post Весна Станојевска Микиќ ја отсвире првата македонска електроакустична мелодија за соло харфа appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%