Естрада

Тома Здравковиќ напишал песна и за Есма

today03/01/2022 2

Background
share close

Легендарниот српски пејач, композитор и поет Тома Здравковиќ, бил познат како голем боем и како некој кој исклучително ги сакал жените. Имал бројни авантури, се женел четири пати, а речиси на секоја жена со која бил ѝ посветил песна. Така Тома ги испеал „Данка“, „Еј Бранка Бранка“, „За Лилјана“, „Дијана“, „Анџела“, „Ана“, „Александра“, „Фатима“, „Јелена“, „Марта“, „Надо Надо“, „Се сеќаваш Сања“ и други… Додека некои од овие песни останаа енигма и не се знае на кои жени им се посветени, за други е познато. Но, она што е помалку познато е дека Здравковиќ напишал песна и за нашата Есма Реџепова. Иако нејзиното име не се споменува, песната „О, циганко моја“ е всушност посветена на кралицата на Ромите. Есма често знаеше да каже дека е многу горда на тоа. https://youtu.be/SXSDkTi4yt4

The post Тома Здравковиќ напишал песна и за Есма appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%