Естрада

Техно ѕвездата Стефан Бодзин доаѓа на „Но Слип“ (No Sleep) Фестивалот

today04/03/2022 9

Background
share close

На претходно најавената Нина Кравиц во програмата за „Но Слип“ (No Sleep) Фестивалот се придружуваат техно суперѕвездата Стефан Бодзин (Stephan Bodzin) и тоа со двочасовен настап во живо и со продукција во каква не сме го виделе досега, како и уште 20 нови изведувачи! На официјално Најдобриот нов европски фестивал, кој на 8 и 9 април ќе го заземе хангарот „Матрез“ во белградското пристаниште на Дунав, пристигнуваат и посакуваното италијанско дуо „Агентс оф Тајм“ (Agents Of Time), универзално омилениот Диџеј Тенис, португалската ѕвезда во подем Луна Семара, талентираниот резидент на „Прогресивна Суза“ Лукаи, како и регионалните а меѓународно етаблирани диск-џокеи Тијана Т и Кристијан Молнар, кои ќе застанат покрај веќе објавените техно легенди какви што се „Дивиес Уан“ (DVS1) и Диџеј Боун (DJ Bone)! Стефан Бодзин својот статус на техно суперѕвезда уште еднаш го потврди со новиот албум „Boavista! Инспириран од неодамнешното преселување во Португалија, германскиот маестро со своите аналогни синтисајзери и ритам-машини, изнедри студиско дело кое светската сцена го чекаше полни шест години! Оттаму и не изненадуваат реакциите на публиката и медиумите кои веќе го прогласија за албум на годината, а универзалната љубов кон Бодзин беше дополнително крунисана и со двојното издание на ремикси кои ги потпишаа имињата од комплетната светска А-листа како што се Соломун, Борис Брејча, Масео Плекс, Хернан Катанео, ѕвездите во подем Анфиса Летјаго, Реинер Зонефелд, Луна Семара, како и низа други. Истата вечер настапуваат и Agents Of Time, италијанското дуо кое вистински царува со мелодичното техно. Од дебито со „Polina“ од 2014 година до денеска тие се развија во едни од предводниците на жанрот покрај „Тејл оф ас“ и „АРТБАТ“. За големото финале во белградското пристаниште годинава е задолжен Диџеј Тенис, апсолутната легенда на светската сцена и горд сопственик на култната етикета „Life & Death“. Специјално за оваа пригода, нему ќе му се придружи бардот на регионалната сцена Кристијан Молнар, за во заеднички бек-ту-бек настап да ја заокружат своевидната прослава на титулата Најдобар нов европски фестивал, која „No Sleep Festival“ ја освои пред почетокот на двегодишната пандемиска пауза.

The post Техно ѕвездата Стефан Бодзин доаѓа на „Но Слип“ (No Sleep) Фестивалот appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%