Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Калифирниски Суд ја отфрли тужбата против музичкиот бенд „Нирвана“, поднесена oд Спенсер Елден, кој бил фотографиран гол како бебе за нивниот албум „Nevermind“. Елден лани ја тужеше рок-групата за сексуална експлоатација, оти сликата, наводно, претставува сексуална злоупотреба на дете. „Нирвана“ минатиот месец побара случајот да биде отфрлен бидејќи, како што велат, неговите аргументи немаат вредност. Аргументот на одбраната е дека Елден ја повторил сцената неколкупати заради пари, а и дека го истетовирал името на албумот на градите, па „ја искористил оваа слава и за да флертува со жени“. Адвокатскиот тим на Елден имаше рок до 30 декември да одговори на барањето на Нирвана. Одговор немаше, па судот го отфрли случајот, со можност за нова тужба во иднина.
The post Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“ од голото бебе на корицата на нивниот албум appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)