Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Британскиот пејач и текстописец Стинг го продаде целиот свој музички каталог на „Јуниверзал мјузик паблишинг груп“.
„Јуниверзал мјузик паблишинг груп“, водечкиот оддел за музичко издаваштво на УМГ, го спроведе купувањето на музичкиот каталог на Стинг – се вели во соопштението објавено на интернет-страницата на компанијата.
Компанијата ќе ги стекне правата за сите соло проекти на пејачот, вклучувајќи го и неговиот последен албум „Д Бриџ“ (The Bridge), како и целата негова музика снимена со групата „Полис“. Подробности од договорот не се објавени, но според „Њујорк тајмс“, тој вреди 250 милиони долари.
Мило ми е што УМПГ ќе управува со мојот каталог од песни. Важно ми е целата моја работа да биде ценета и почитувана, и на тој начин, не само да се поврзам со долгогодишните обожаватели на нов начин, туку и да ги презентирам песните на идните генерации – објави Стинг на неговата официјална страница.
Стинг, чие родено име е Гордон Метју Томас Самнер, е роден на 2 октомври 1951 година во Велика Британија. Во 1977 година, тој ја создаде групата „Полис“, со гитаристот Енди Самерс и тапанарот Стјуарт Коупленд. За пет години, од 1978 до 1983 година, бендот освои шест „Греми“ награди и две Британски музички награди. По светската турнеја во март 1984 година, бендот се распадна, а три десетлетија подоцна повторно се обединија, заради турнејата околу 30-годишнината од синглот „Роксен“.
The post Стинг ги продаде правата за целата своја музика appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)