Естрада

Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на групата „Ил Диво“ почина од Ковид-19

today20/12/2021

Background
share close

Шпанскиот пејач Карлос Марин, познат на публиката како член на групата „Ил Диво“, починал во болница од последици на коронавирус. На Марин Ковид-19 му бил дијагностициран на 7. декември, веднаш бил хоспитализиран, а неколку дена подоцна бил ставен на медицинска индуктивна кома во Кралската болница во Манчестер. Овој 53-годишен Шпанец бил хоспатилизиран на оделот за интензивна нега каде што бил подвргнат на интубација, пренесува „Дејли Мејл”.

Со скршено срце ве известуваме дека нашиот пријател и партнер Карлос Марин почина. Ќе недостасува на своите пријатели, семејството и фановите. Никогаш нема да постои таков глас или дух каков што имаше Карлос – стои во објавата на членовите на „Ил Диво“.

Пејачот бил дел од оваа хит група од самото нејзино формирање во 2003 година. „Ил Диво“ се пионери на оперски поп, продавајќи повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.

The post Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на групата „Ил Диво“ почина од Ковид-19 appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%