Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Рокерот во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја.
Пред 15 месеци ми понудија многу пари – над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сè, поради снабдувањето со оружје (за Русија, з.п.), изјави 77-годишниот музичар.
Претходно, комичарот Џо Лајсет јавно му порача на Дејвид Бекам дека „ќе го распарчи“ доколку спортистот не се повлече од договорот за Светското првенство во Катар. Фудбалерот наводно добил 10 милиони фунти за да биде спортски амбасадор на земјата, па беше жестоко критикуван дека „прима пари од земја во која хомосексуалноста е нелегална“, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТ-заедницата. И кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапи во Катар овој декември, исто така имаше бурни реакции. Многу западни навивачи се двоумат дали да присуствуваат на СП, а некои стравуваат и за својата безбедност во Доха. Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се сосредоточат на фудбалот, а не на политичките прашања“.
The post Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)