Естрада

Рита Ора, Сент Винсент, Грајмс, Шер… ѕвезди на календарот на „Пирели“ за 2022 година

today01/12/2021 17

Background
share close

„Пирели“ го објави најновото издани на својот славен календар и во него има собрано голем број ѕвезди од музичкиот свет. Календарот со мото „На пат“ (On the Road) е подготвен од канадскиот музичар Брајан Адамс, а во него се прикажани ѕвезди како Шер, Грајмс, Џенифер Хадсон, Нормани, Рита Ора, Иги Поп, Савити, Кали Учес и Сент Винсент.

Јануари

Брајан Адамс – Канадски пејач, гитарист, композитор, фотограф и филантроп е автор на календарот

Февруари

Ен Ерин „Ени“ Кларк позната како Сент Винсент е американска кантавторка и мултиинструменталистка. Добитничка е на три награди Греми за најдобра рок песна

Март

Кали Учес е колумбиско-американска пејачка, композиторка, актерка и дизајнерка, која се стекна со светска слава во 2021 година со големиот успех на нејзината песна „Телепатија“.

Април

Диамонте Киваја Валентин Харпер – Савити е позната американска раперка.

Мај

Легендарната Шер е една од ѕвездите на календарот.

Јуни

Нормани е американска пејачка и балерина.

Јули

Џенифер Хадсон ја доби награфата Греми за својот деби албум „Џенифер Хадсон“, издаден во 2008 година.

Август

Иги Поп е легендарен американски рок-музичар и актер. Тој е еден од највозрасните учесници во календарот.

Септември

Клер Елис Бушер – Грајмс е канадска музичарка, пејачка, композиторка, дискографка, визуелна артистка и режисерка на музички спотови. ​​​​

Октомври

Бохан Феникс е музичар роден во Хубеи во Кина, кој израснал во Масачусетс, САД.

Ноември

Рита Ора е британска композиторка и пејачка со косовско потекло.

Декември

Една гитара е инструментот протагонист за последниот месец од годината.

The post Рита Ора, Сент Винсент, Грајмс, Шер… ѕвезди на календарот на „Пирели“ за 2022 година appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%