Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус едно неодамнешно интервју за „Време“ бил прашан што мисли за вирусот, дали го загрижува целава ситуација, дали сме на прагот на катаклизма на човештвото во секој поглед или сето ова е уште една цивилизациска шега? Во продолжение е одговорот на Рамбо Амадеус во целост:
Мразам теории на заговор, но тие се појавуваат кога повеќе не може да им се верува на информациите, а тоа, за жал, се случи. Среде оние ужасни блокади и изолација, на 1 август, ми пратија видео од Херцег Нови. Времето е прекрасно, но нема никој, ниту по плажите, ниту на брегот, ниту на морето. Потполн блажен мир. Рај. Но некој морбиден рај во кој нема никој. Само милијардерската едрилица „Американ игл“ тивко се лизга низ Бока, а на неа, претпоставувам, лично Адам и Ева, овој пат милијардери, уживаат на палубата. Конечно не ги слушаат еуфоријата и бучавата на обичните смртници, кои во тој момент вообичаено би доаѓале од плажите. Уживаат во мирот. Таа глетка страшно ме вознемири, ме налути, особено поради фактот што многу од нас не можеа да стигнат до сопствените домови, додека некои пребогати странци се однесуваа безгрижно пред нив. Збеснав и сфатив дека короната е искористена за богатите конечно да се ослободат од присуството на сиромашните. Зошто? Со автоматизацијата на производството исчезна потребата за работничка класа која од своите тешко заработени пари купува глупости. Станавме вишок. Баш како и коњите по измислувањето на парната машина, каде што еден мотор замени и до 100 коњи. Одеднаш, преку ноќ, повеќе не биле потребни коњите, шталите, ниту сеното. Популацијата на коњи драстично се намали. Мал број се одгледуваат за трки, циркус и татарски бифтек. Не ја оспорувам короната, умираат луѓе, лежат по болници, но таа е искористена за богатите држави конечно, без пардон, да ги заклучат сиромашните во изолација и дефинитивно да стават граница за да го спречат поминувањето на мигрантите. Ме загрижува и тоа што ние сме на оваа надворешната страна од бодликавата жица, а таа се чини дека ќе остане трајно. Погледнете го бројот на луѓе што умираат од рак, излив на крв во мозокот, срцев удар. Кога во медиумите со овој интензитет би се зборувало за тие навистина застрашувачки бројки, светот колективно би почнал да се однесува како да се подготвува за Олимпијада, сите би џогирале, би внимавале што јадат и пијат, никој не би пушел, само би се вежбала гимнастика и би се јадела зелена салата. Како што реков, не сакам теории на заговор, но зошто не се зборува за тоа како да го зајакнеме имунитетот? На превентивниве мерки гледам како на некој перверзно хуман начин да се забрза намалувањето на светското население. Со укинувањето на социјализацијата, шоу-бизнисот, забавата, туризмот, угостителството, журките, фестивалите, драстично се намалува шансата за човечка репродукција. Потешко е денес да се најде партнер, да се орасположи, прегрне, создаде желба за репродукција, за тоа е потребна близина, а не гледам како тоа е можно со изолација, ограничувања и маски. Човекот сепак се разликува од мајмунот, потребно му е да ја поттикне имагинацијата за да сака да се размножува. Во спротивно, не би се произведувале ниту мрежните холахопки, ниту градниците, ниту потпетиците, не би се користеле парфемите, не би се пиело виното, не би се играло тангото. Значи, со рестриктивните мерки се намалува бројот на заразени лица, но вистинското прашање е дали се намалува бројот на новородени лица? Секако, ме прашавте што мислам, ни самиот не сум сигурен, се потпирам на логиката, на информациите повеќе не може да им се верува, па и ова што го размислувам прифатете го со резерва. Збеснав бидејќи мојата основна работа беше укината со декрет, станав вишок како коњот во индустриската револуција.
The post Рамбо Амадеус: Богатите држави конечно, без пардон, ги заклучија сиромашните во изолација користејќи ја короната appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)