Естрада

Повторно откажан концертот на рок бендот „Пласибо“ во Скопје

today14/07/2022

Background
share close

„Авалон продукција“ ги информираше фановите на британскиот рок бенд „Пласибо“ дека по втор пат се откажува нивниот концерт во Скопје. Причина за откажувањето на концертот на рок бендот е зараза од Ковид-19 на дел од екипата.

Групата требаше да настапи овој викенд во Скопје, односно нивниот концерт беше закажан за 16 јули, на Стадионот на АРМ. Исто така, откажан е и нивниот настап во Букурешт.

Од Авалон истакнуваат дека жалат за откажувањето и дополнуваат дека се работи за состојба која е вон нивна контрола.

Изминативе две недели сме сведоци дека ова се случува насекаде, дека и милионски концерти се откажуваат не само еден или два дена пред концерт, туку и на ден на концерт. Едноставно во моментов cветов e таков каков што е и остануваат две работи: надеж и борба како сите ние би ги излечиле траумите од две и пол годишниот застој од нормалниот живот и полека сите би се вратиле во него“, нагласија оттаму.

Информацијата за откажувањето на концертот во Скопје ја сподели бендот.

Поради ширење на коронавирусот во бендот и нашата екипа, со жалење Ве известуваме дека нема да можеме да настапиме во Букурешт и Скопје. Фрустрирани сме и разочарани што не можеме да настапиме на овие концерти кои се подеднакво важни и за вас и за нас. Искрено се извинуваме за разочарувањето. Правиме сѐ што можеме за да ги презакажеме настапите“, напишаа од „Пласибо“.

Од „Авалон“ исто така информираа дека се работи на закажување на нов датум за концертот на „Пласибо“ во Скопје и исто така ги известија фановите дека од 17 јули, понеделник, ќе започне да се врши рефундацијата на средствата на оние лица кои не сакаат да го чекаат новиот датум.

„Пласибо“ првично требаше да настапат во Скопје на 25 јуни во 2020 година, но концертот беше откажан поради пандемијата.

The post Повторно откажан концертот на рок бендот „Пласибо“ во Скопје appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола

Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”, информираат организаторите. Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21:00ч., а влезниците по цена од 350,оо денари можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк- https://www.kupikartizase.com/Events/naum_heraklea Во текот на […]

today14/07/2022 4

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%