play_arrow
Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облаците Yana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM

АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, посветена на легендарната музичка ѕвезда. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk .
Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда. Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15.12.2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна – објавија од АД „Пошта на Македонија“ .
The post Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во пресрет на неговиот роденден appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)