Естрада

Почина легендарниот рок музичар Џон Мајлс

today07/12/2021 68

Background
share close

Рок-музичарот Џон Мајлс почина мирно во својот сон, по кратко боледување на 72-годишна возраст.

Тој беше сакан сопруг, татко и дедо и на сите ќе ни недостига повеќе отколку што може да се изрази со кој било збор. Тој ќе живее засекогаш во нашите срца и со прекрасното музичко наследство што го остави зад себе. Ти беше нашата прва љубов и ќе бидеш нашата последна, се вели во соопштението објавено на официјалната страница на Мајлс на Фејсбук.

Пораката ги повтори зборовите на најголемиот хит на Мајлс: „Музиката беше мојата прва љубов / И ќе биде мојата последна / Музика на иднината / И музика од минатото“. Мајлс е роден во Џероу, во април 1949 година, во северо-источниот дел на Англија. Најмногу ќе биде запомнет по песната „Music“ (Music Was My First Love And It Will Be My Last), која ги одбележа топ листите во Велика Британија во 1976 година. Тој беше наречен голем и иновативен музичар во британската рок музика. Соработуваше со бројни музички ѕвезди како Тина Тарнер, Стиви Вондер, Џими Пејџ итн. Има издадено 10 албуми од 1976 и 1999 година, а во 2017 година доби награда за придонес во рокенрол музиката.

The post Почина легендарниот рок музичар Џон Мајлс appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%