Естрада

Почина Атанас Коларовски, играорец и кореограф од првата генерација на „Танец“

today09/03/2022 30

Background
share close

„Танец“ со голема тага известува дека денеска, после долг и неверојатно богат и успешен живот, во својата 96-та година од животот, замина во вечноста Атанас Коларовски, знаменитиот играорец и кореограф од првата генерација на „Танец“. Атанас Коларовски е роден во село Драчево, скопско, во 1926 година. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и играорец-солист. Од 1970 година се преселил во Соединетите Американски Држави, каде што ја продолжил својата активност како инструктор, пренесувајќи им го богатството на македонскиот музички и играорен фолклор на генерации вљубеници од целиот свет. Атанас Коларовски е автор на повеќе врвни кореографии за „Танец“, меѓу кои и на антологиските „Драчевка”, „Калајџиско” и „Невестинско”. Тој остави длабока и неизбришлива трага на целокупната македонска култура, а неговите творби го внесоа во вечниот македонски незаборав. Нека му е светол патот и вечна славата на големиот мајстор на македонскиот танец!

The post Почина Атанас Коларовски, играорец и кореограф од првата генерација на „Танец“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%