Естрада

По свадбата, Петар Грашо доаѓа во Скопје

today23/02/2022

Background
share close

Eдна од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори, Петар Грашо ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. Скопјани, па и цела Македонија ќе бидат привилегирани на 18мај да уживаат во најголемите хитови на овој хрватски романтичар. „Арена Борис Трајковски“ очигледно ќе биде претесна да ги собере сите обожаватели на миленикот на македонската публика и во еден глас заедно со него да ја пее „Ako te pitaju“, потоа „Jel' ti reka 'ko“, „Neće nas zauvik bit“, „Voli me“, „Fritula“, а тука се и постарите, но добро познати песни како што се: „Ko nam brani“, „Utorak“, „Volim i postojim“, „Trebam nekoga“ и многу други… Организаторите на овој настан, „Прагма продукција“ најавуваат голем музички спекткал.

Последниве неколку години Петар Грашо е убедливо најбараниот и најпопуларен изведувач на овие простори. Неговите безвременски хитови се слушаат буквално од Вардар до Триглав и поради тоа воопшто не се двоумевме кога се решивме да го организираме концертот. Интересот е огромен. Очигледно публиката е желна за квалитетна музика, бидејќи пандемијата си го направи своето, велат организаторите.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, потоа Розе Веро 2 и Југотон.

The post По свадбата, Петар Грашо доаѓа во Скопје appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

„Животот е како партија шах“: Тајзи сними спот за љубовниот хит „Сувенир“ (ВИДЕО)

„Сувенир“ е новиот љубовен хит на Драган Величковски- Тајзи. Песната е авторско дело на Тајзи и Лазар Цветковски, а спотот е снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот. Во видеото режирано од Дарко Митев и Тајзи, покрај пејачот се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа. -Животот е како партија шах, како и да ја изиграме на крајот и пионот и кралот завршуваат […]

today23/02/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%