Естрада

Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин

today11/03/2022 33

Background
share close

Новиот албум од класичната музика на пијанистиката Мимоза Ќека со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин е веќе достапен за слушање на платформите Јутјуб, Спотифај, Епл музик, Дизери Амазон мјузик. Албумот носи наслов „Non-Fungible Scriabin Barber Bach“ и е прва соло албумска објава на пијанистката. Тој обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа класична музика на 20-тиот век. Во албумот се содржани две пијано-сонати и токата, а Сонатата оп. 26 од американскиот композитор Самуел Барбер е премиерно изведена и снимена на просторот на Република Македонија. Мимоза Ќека почнува да учи пијано на петгодишна возраст, додипломските студии по пијано ги завршува во класата на проф. Тодор Светиев при Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност. Настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Есенски Музички свечености, Денови на македонска музика, „Festival international de piano Jeunes Talents“ во Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика во Италија, Солеј – Фестивал на Франкофонијата во Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели во Париз, како и во склоп на концертната сезона на „Bristol Music Club“ во Обединето Кралство. Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс. Настапува и во камерни состави, со ансамблот „ConTempora“, дуо пијано, а остварува и пијано соработка. Мимоза Ќека е ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје како поканет уметник – стручњак од практика и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија.

The post Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко ја отпеа песната за Командантот Сава пред да се повлече во засолниште

Украинска уметница, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја отпеала песната за Командантот Сава непосредно пред да мора да се повлече во засолништето. Маргарита отпеала партизанска песна во репортажа за црногорскиот портал Antena M. Таа ја извела песната со својот колега Јарослав Јус, кој свири на украинскиот национален инструмент бандура. По песната таа требало да испрати видео во кое зборува за моменталната состојба во нејзината татковина, но тоа сепак […]

today11/03/2022 4

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%