Естрада

Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана

today13/01/2022 10

Background
share close

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе запливаат во родителските води. Идната мајка ја потврдила среќната вест за „Јутарњи лист“: „Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“. Хрватските медиуми откриваат дека Хана е во 12-та недела од бременоста и дека ќе се породи налето. 45-годишниот пејач и 31-годишната музичарка и артистка се едни од најпопуларните парови на хрватската сцена во моментов и привлекуваат огромен интерес иако се заедно само неколку месеци. Нивното долгогодишно познанство премина во романса кратко време откако Петар ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

The post Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%