Естрада

Парни Ваљак без Аки Рахимовски… Што ќе биде со легендарниот музички бенд?!

today29/01/2022

Background
share close

Во Загреб, поточно во Малата сала на Ватрослав Лисински, се одржа комеморација по повод смртта на фронтменот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски. На комеморацијата присуствуваше и Хусеин Хасанефендиќ Хус, долгогодишниот соработник и пријател на Аки.

– Беше нормален, топол човек, со сите доблести и маани. Со бесконечна душа и бесконечно срце, но со тотален недостаток на самоконтрола и свесност дека мора да се пази. Нема машина што оди вечно, ако не е подмачкана, не знам… Едноставно не можеше да го направи тоа. До даска, секој пат до даска – изјави Хус за Индекс.хр.

Запрашан дали некој би го заменил Аки, бидејќи Парни Ваљак планира турнеја оваа година, Хус одговори:

– Ние како бенд ќе опстанеме како формација, но сигурно нема да го смениме Аки. Можеби во одреден момент ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе гостува или нешто слично. Аки е незаменлив. Можеби ќе има ново поглавје, не знам, не размислувам за тоа… Верувај ми, ќе умреме ако не продолжиме да свириме. Мора да свириме. Тоа не ни треба за да живееме, живееме за да свириме. Сега можеме да застанеме и ок, ќе се снајдат помладите момци, егзистенцијално сме осигурени и без Парни Ваљак… На Ваљак не му требаме за да заработиме, требаше да свириме – рече Хус и додаде:

– Мислам дека дефинитивно ќе одржиме трибјут концерт, тоа мораме да го направиме поради Аки. Што ќе се случи понатаму, не знам … – рече Хус.

The post Парни Ваљак без Аки Рахимовски… Што ќе биде со легендарниот музички бенд?! appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2022 – Слушнете, гласајте, одлучете

МРТ ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата […]

today29/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%